Шпаркасе банка Македонија на пазарот излезе со два нови исклучително атрактивни производи наменети за граѓаните. Се работи за новиот станбен кредит и ненаменски потрошувачки кредит што може да се користи за реновирање и опремување стан, во пакет понуда ГРЕЈС 2. Новите кредити се со една година грејс-период. Во текот на овие месеци, граѓаните се ослободени од отплаќање на главнината на кредитот и можат поефикасно да го искористат и времето и средствата за опремување на својот стан. Станбениот кредит ГРЕЈС 2 е со една од најниските каматни стапки во висина од 6,5 отсто годишна променлива каматна стапка, со максимален рок на отплата од 30 години. Во зависност од тоа дали кредитниот износ е под или над 40.000 евра, провизијата за одобрување е 1,5 или 1 отсто.
Шпаркасе банка Македонија на пазарот излезе со два нови исклучително атрактивни производи наменети за граѓаните.
Се работи за новиот станбен кредит и ненаменски потрошувачки кредит што може да се користи за реновирање и опремување стан, во пакет понуда ГРЕЈС 2. Новите кредити се со една година грејс-период.
- Во текот на овие месеци, граѓаните се ослободени од отплаќање на главнината на кредитот и можат поефикасно да го искористат и времето и средствата за опремување на својот стан - велат од Шпаркасе банка.
Станбениот кредит ГРЕЈС 2 е со една од најниските каматни стапки во висина од 6,5 отсто годишна променлива каматна стапка, со максимален рок на отплата од 30 години. Во зависност од тоа дали кредитниот износ е под или над 40.000 евра, провизијата за одобрување е 1,5 или 1 отсто. За обезбедување на кредитот постојат повеќе можности за кои граѓаните можат да се информираат во 32-те експозитури на банката. Станбениот кредит ГРЕЈС 2 може да се користи по истите услови и без ненаменскиот потрошувачки кредит.
Овој ненаменски потрошувачки кредит од пакетот ГРЕЈС 2 е во висина до 5.000 евра, со променлива годишна каматна стапка од 8,5 отсто и рок на отплата до седум години.
Со пакетот ГРЕЈС 2 Шпаркасе банка Македонија одобрува и виза кредитна картичка на корисниците на кредитот, со кредитен лимит во висина до две плати, повторно во насока на поголема финансиска поддршка за клиентите на банката.
Оваа понуда граѓаните имаат можност да ја искористат до 25 мај оваа година, со можност рокот да биде продолжен. Од банката потенцираат дека новите поволни кредити се во насока на зголемување на конкурентноста на производите на пазарот, а пред се за поттикнување и олеснување на финансирањето на потребите на граѓаните.